1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Буш: „Непреземањето мерки ќе има болни и трајни последици“

Kонгресот денес (01.10.2008) стартува нов обид за спасување на финансиската бранша. Американскиот претседател, Џорџ Буш, во телевизиски говор, побара поддршка за пакетот мерки за спас на финансискиот сектор.

default

Џорџ Буш им се обрати на граѓаните, но и на пратениците

Претседателот Џорџ Буш е разочаран поради поразот во понеделникот (29.09.2008), но нагласува дека тоа не е крај на постапката околу финансискиот пакет. Преговорите меѓу водечките пратеници на републиканците и демократите се одвиваат и натаму, зад затворени врати. Претставничкиот дом, поради еврејскиот празник, Рош Хасхана ќе гласа повторно за пакетот за спас на финасискиот сектор, во четврток. Џорџ Буш рече дека е тоа тешко гласање, но...„Со секој ден, во кој што не правиме ништо, последиците стануваат поголеми. Драматичниот пад на пазарот на акции во понеделникот ќе има директни последици за пензиските конта, пензиските фондови и штедни влогови на американските граѓани. И, ако нашата нација остане

Besorgte Börsianer an der Wall Street

Вол Стрит во исчекување

на овој пат, економските последици ќе бидат болни и трајни.“

Пакетот за спасување чини 700 милијарди долари, а падот на акциите во понеделникот чинеше илјада милијарди долари, рече претседателот. Освен тоа, треба да се очекува и тоа дека голем дел од инвестираните пари повторно ќе бидат вратени кога пазарот ќе се опорави.

Граѓаните не сакаат да плаќаат за грешките на менаџерите

На 4. ноември ќе се избира не само нов американски претседател, туку и делови од Конгресот и Сенатот. Затоа, голем дел од пратениците се под притисок во нивните сојузни држави. Аргументот на избирачите гласи: даночните обврзници не треба да плаќаат за грешките на шефовите на фирмите и на менаџерите на Вол Стрит. Освен тоа, пратениците републиканци се на мислење дека државниот надзор, како што е предвиден во пакетот за спас на финансиската бранша, е преголем. Претседателот на ваквите размислувања се спротивстави со зборовите: „Иако би било подобро да е поинаку, нашата земја нема избор меѓу дејствувањето на владата и слободен пазар кој функционира без проблеми. Мора да се одлучиме дали ќе преземеме нешто или ќе се соочиме со сериозни економски последици за милиони Американци.“

Тони Фрато, заменик портпарол на Белата куќа, во вторникот напладне изјави дека смета оти спасувачкиот пакет ќе добие зелено светло уште во текот на неделава. Двајцата претседателски кандидати, Барак Обама и Џон Меккејн, според Фрато, воделе телефонски разговори со претседателот Буш и ги изнесле своите предлози.

Обама ветува намалување на даноците за малите фирми Во писмена изјава, демократот, Барак Обама, апелираше за натпартиска соработка и нагласи дека земјата не може да си дозволи да не преземе ништо. Тој побара, законското осигурување за банкарските конта да се зголеми. Во моментов, тоа

USA Wahlen Kombo Barak Obama John McCain

И Барак Обама и Џон Меккејн сакаат да ги штитат малите фирми

изнесува 100 илјади долари, а Обама предлага да биде зголемено на 250 илјади долари. На тој начин, подобро ќе бидат обезбедени не само приватните лица, туку и ситните претприемачи.

Освен тоа, Обама, во новиот предизборен телевизиски спот укажува на својот план за намалување на даноците за средниот општествен слој: „Наместо да се намалуваат со милијарди даноците за големите фирми и нафтените бизниси, јас ќе ги намалам даноците за малите фирми. Тие се столбот на нашата економија.“

Меккејн тврди дека пратениците не сфатиле за што се работи Неговиот ривал, Џон Меккејн, на една тркалезна маса со претставниците на средните и малите претпријатија во Ајова, изјави дека пратениците очигледно сеуште не сфатиле дека поради кризата страдаат малите претпријатија и просечните семејства: „Мислењето што владее е дека се работи само за Вол Стрит. Јас не би му дал ништо на некого од Вол Стрит. Јас не сакам менаџарите таму да заработуваат повеќе од највисоките претставници на власта. Очигледно е дека ни‘ е потребна поголема контрола и транспарентност. Мора да обезбедиме американските даночни обврзници да бидат првите кои ќе профитираат од повторното опоравување на американската економија.“


DW.COM