1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Буш на гости кај Абас на Западниот брег

Историската прва посета на палестинските автономни подрачја од доаѓањето на власт, американскиот претседател Џорџ Буш ја искористи да упати и зборови на критика на сметка на традиционалниот сојузник во регионот-Израел.

default

Буш и Абас на прес-конференцијата во Рамала

Густата магла го принуди високиот гостин од Вашингтон наместо со безбедниот хеликоптер да патува во Рамала со автомобил. По пристигањето Џорџ Буш го поздрави палестинскиот претедател Махмуд Абас на арапски начин со прегратка. На прес-конференцијата по разговорите обајцата манифестираа увереност оти до крајот на мандатот на Буш во наредните 12 месеци е можно да се склучи мировен договор меѓу Палестинците и Израелците. „Можно е Израелците и Палестинците да ги надминат разликите околу клучниот проблем во конфликтот, така што може да никне нова визија. Сметам дека тое е не само можно, туку дури и неопходно„ – порача Џорџ Буш на прес-конференцијата. Тој нагласи уште дека и палестинскиот претседател Абас и израелскиот премиер Олмерт имаат политичка волја за склучување мир. Буш покажа разбирање за фрустрацииите на Палестинците поради бројните контролни места на Западниот брег, но исто така и за потербата на Израелците за поголема безбедност. Буш стави на знаење и дека има намера сериозно да разговара со израелската страна за нелегалните еврејски населби на автономните подрачја на Западниот брег. „Неможно е овој добар човек да им понуди на Палестинците добра иднина, ако тие немаат на располагање интегрална територија поради еврејските населби. Таа позиција е апсолутно јасна.„ Што се однесува пак до расколот меѓу Појасот Газа, каде власта ја преседе радикалното движење Хамаз и Западниот брег каде владее Фатах на претедателот Абас, Буш порача: „Кога зборуваме за решение што подразбира две држави, тоа нема голема важност, се‘ додека не се поставуваат од напред граници, доколку се реши проблемот со враќањето на палестинските бегалци и ако се надмине спорот околу Ерусалим. Јас зборувам за јасно дефинирана држава на Палестинците, од која обичните луѓе ќе бидат одушевени. Тука се гледа јасна разлика во визијата на Хамаз во Појасот Газа и онаа на претседателот Абас.„ Палестинскиот претесдател Абас посочи дека станува збор за „монументална посета„ на американскиот претседател, што сите Палестинци многу ја ценат. Доаѓањето во Рамала покажува колку на претедателот Буш му е важен мирот на Блискиот исток. Абас изјави дека е апсолутно задоволен од средбата и разговорот со високиот гостин од Вашингтон.