1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Буш најави симнување на трговските санции против Северна Кореја

По предавањето на бараната документација за атомската програма од страна на официјален Пјонг Јанг, Вашингтон има намера да ја симне Северна Кореја и од списокот земји кои го поддржуваат тероризмот.

default

Претседателот Џорџ Буш: САД внимателно ќе ја следат и понатаму ситуацијата во Северна Кореја


Американскиот Претседател Џорџ Буш манифестираше задоволство и воздржаност во исто време. На на брзина свиканата прес-конференција во Белата куќа тој порача дека поднесувањето на документацијата за атомската програма на Северна Кореја е чекор во исправна насока.


„Објавувам соопштение што ги симнува прописите за тргување со непријатели, а кои се однесуваат на Северна Кореја.“


Останува скепсата


Буш јасно стави на знаење дека неговата администрација и понатаму критички ќе го набљудува развојот на ситуацијата во Северна Кореја:


„САД не одгледуваат никакви илузии во врска со режимот во Пјонг Јанг. Ние сме и понатаму многу загрижени поради кршењето на човековите права во Северна кореја, поради нејзините активности поврзани со збогатување уран, атомските проби, продавањето оружје и развојот на ракети што ги загрозува соседните земји во регионот.“


Се’ на се’ Џорџ Буш нагласи дека притисокот врз Северна Кореја останува, а укинувањето на трговските санкции нема да има влијание врз дипломатската и финансиска изолација на земјата.


Каде е плутониумот?


Скеспа во веродостојноста на политиката на разоружување што ја води моментално владата во Пјонг Јанг изрази и поранешниот инспектор за оружје на ОН, Дејвид Олбрајт. За ТВ каналот СиЕнЕн тој порача:


„Има уште многу работа. Северна Кореја се’ уште не им го покажала на САД нејзиниот плутониум!“