1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Буш најави лидерство во заштитата на климата

Една недела пред самитот на Групата 8, американскиот претседател Џорџ Буш најави сопствена иницијатива за климата и повика 15 држави до крајот на 2008 година да договорат глобална цел за намалување на штетните гасови. Меѓу повиканите, покрај САД, се и Кина и Индија, како и повеќе европски држави.

„Ние сме лидери„! Џорџ Буш ги соопштува климатските намери

„Ние сме лидери„! Џорџ Буш ги соопштува климатските намери

Американскиот претседател Буш досега се однесуваше тврдоглаво, но сега има намера да преземе водечка улога во битката против глобалното затоплување. Барем така најави:

„До крајот на идната година САД и други нации ќе постават долгорочна цел за намалување на издувните гасови. За да се постигне тоа ќе бидат потребни средби на нациите со највисок степен на емисии, меѓу нив и Индија и Кина„.

Точка што му е посебно важна на претседателот: непотпишувањето на протоколот од Кјото го образложуваше со фактот дека тоа не го направија ниту големите земји во развој. Буш се повика и на досегашните истражувања на климата:

„Во изминатите години науката го продлабочи нашето разбирање за промените на климата и ни отвори нови можности за решенија. САД оваа тема сериозно ја сфаќаат„.

Изјава што тој ја даде и при последната посета на канцеларката Ангела Меркел на Вашингтон, што за неа уште тогаш беше голем напредок. Буш не пропушти да ја истакне водечката улога на неговата земја:

„Со промената на климата битката најдобро се води со нови технологии и тука САД се водечки. Се наоѓаме на работ на голем пробив што ќе ни помогне во заштитата на климата„.

Средбата на 15-те најголеми грешници во светот, според неговиот план, требна да се одржи наесен годинава:

„Освен долгорочната цел, секоја нација треба самата да си постави среднорочни цели во кои ќе бидат земени предвид сопствените ресурси и идните потреби од енергија„.

Американскиот претседател нагласи дека во изминатите шест години од неговиот мандат, веќе било многу постигнато. Вложени се 12 милијарди долари во истражувањето и развојот на нови технологии, поддршка на атомската енергија, алтернативни енергии...:

„Во наредните десет години имаме намера да ги намалиме потребите од бензин за 20 проценти, што е добро не само за нашата национална безбедност, туку и за заштитата на климата. Го преземаме лидерството и тоа е мојата порака до државите од Групата 8„.