1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Буш најави дебата за повлекување на војниците од Ирак

*

Американскиот претседател Џорџ Буш најави скора дебата околу намалувањето на бројот војници во Ирак. Конкретните разговори можат да почнат уште наредната недела, по поднесувањето на извештајот на американските генерали за актуелната состојба во Ирак. За време на ненајавената посета на Ирак, Буш вчера не кажа ниту за колкаво намалување на бројот војници станува збор, ниту пак во кој временски период би можело да се случи тоа. Американската војска во Ирак има моментално околу 160.000 војници.