1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Буш нареди санкции за Судан

Американскиот претседател Џорџ Буш издаде наредба за воведување економски санкции против владата во Картум. Со мерката Буш сака да го зголеми притисокот врз владата на Судан поради нерешениот конфликт во покраината Дарфур. Франција веќе предложи да се отвори коридор за хуманитарна помош за жртвите од конфликтот во Дарфур. Според планот коридорот би минувал преку Чад, а би требало да го штитат меѓународни сили со мандат од ОН. Идејата ја изнесе францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер на маргините на министерскста средба на ЕУ и азиските земји во Хамбург.