1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Буш му се заканува на Иран со построги санкции

Американскиот претседател Џорџ Буш побара од водството на Иран да ја прифати понудата на западните земји за надминување на атомскиот спор. Ако Иран би сакал мир, добросостојба и иднина исполената со надеж тогаш треба да ја прифати понудата, рече американскиот претседател Џорџ Буш вчера вечер во Њујорк. Пакетот на западните земји Буш уште го означи како „разумна понуда“.

Џорџ Буш

Џорџ Буш

„Америка и Европа се исто така обединети во една од најтешките предизвици со кој се соочува светот денеска, однесувањето на режимот во Иран. Лидерите во Иран поддржуваат тероризам, ја порекнуват слободата и човековите права на своите луѓе и го загрозуваат постоењето на нашиот пријател Израел. При нуклаерните активности се маскираат нивните обиди за стекнување нуклеарно оружје, режимот се противи да ги исполни своите обврски во однос на Советот за безебeдност на ОН и Меѓународната агенција за атомска енергија.“ рече Џорџ Буш

Американскиот претседател на Иран му се закани и со построги политички и економски санкции доколку земјата не ги прекине спорните нуклеарни активности „Лидерите на Иран имаат јасен избор. Се надеваме дека ќе ја прифатат нашата понуда и доброволно ќе ги прекинат активностите со што ќе изработиме договор кој на Иран ќе му донесе корист. Доколу иранското раководство ја отфрли нашата понуда случајот ќе биде донесен пред Советот за безбедност и ќе настапи посилна меѓународна изолација со што постепено ќе се воведат построги политички и економски санкции,.“

Американскиот претседател Буш искажа и разбирање за легитимната желба на Иранците да ја користат цивилната атомска енергија, но се додека се создава преку заштитните меѓународни механизми. Американскиот претседател во вчерашниот говор истакна и дека Иран ќе биде тема и на европско американскиот самит во Виена. За куста посета на американскиот претседател во Виена, поради страв од терористички напади се преземаат најголемите безбедностни мерки што градот на Дунав воопшто ги памети.