1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Буш –кавгата со Европејците околу Ирак е минато

ЕУ и САД на самитот во Ирска и ветија поддршка на ирачката влада

Џорџ Буш и Берти Ахерн на самитот во Ирска

Џорџ Буш и Берти Ахерн на самитот во Ирска

Четири дена пред планираната смена на власта во Ирак ,ЕУ и САД на ирачката преодна влада и ветија неограничена и трајна поддршка.Во заедничкото соопштение двете страни на нивниот самит во Ирска исто така ветија дека ќе го поддржуваат ирачкиот народ со заеднички ангажман.Американскиот претседател Џорџ Буш повторно побара ангажман на НАТО во Ирак.

Во декларацијата од самитот ЕУ и САД ги повикуваат земјите соседи на Ирак да се вклучат во обновата и демократизацијата на земјата.ОН би требало да ја продолжат својата работа ,односно да ја прошират кога состојбата тоа ќе го дозволува.Генералниот секретар на ОН Кофи Анан пред кратко време исклучи враќање во Ирак поради тамошната опасна ситуација.

НАТО има капацитети и одговорност да му помогне на ирачкиот народ да ја победи терористичката закана за својата земја,изјави Буш на крајот на самитот.Тој се надева дека НАТО позитивно ќе одговори на барањето на претседателот на ирачката преодна влада Ијад Алави.Алави во четвртокот официјално побара техничка и друга помош во воената обука.

Американскиот министер за надворешни работи Колин Пауел ,еврокомесарот Лајола Паласио и ирскиот министер за надворешни работи Брајан Коен за време на самитот потпишаа и договор за паралелно користење на Галилео системот и американскиот систем ГПС.Претходно Пентагон го сметаше системот Галилео за непотребен и за потенцијална закана за безбедноста при воени операции.Европејците ги уверија Американците дека ќе извршат промена на фрекфенциите со што тие не би колидирале со Американскиот систем за глобално позиционирање.

Учесниците на самитот побараа од Иран да престане со неговата атомска програма.

Меѓународната агенција за атомска програма со месеци безуспешно се обидува да расчисти околу ова прашање и да има јасна слика за атомските потенцијали на Техеран.

За време на одржувањето на самитот меѓу ЕУ и САД во Ирска,околу 5 илјади демонстранти со автобуси стигнаа во близината на дворецот Дромоланд,каде тој се одржуваше.Тие го означија Џорџ Буш како терорист.Во Даблин претходно и ноќеска десетина илјади луѓе протестираа против посетат на Буш и неговата политика во Ирак.

Дворецот Дромоланд беше обезбедуван од четири илјади полицајци и околу две илјади војници,најголем број во досегашната ирска историја.