1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Буш и Малики не укажаа на евентуална нова стратегија за Ирак

Американскиот претседател Буш и ирачкиот премиер Малики се сретнаа во Аман, главен град на Јордан

Малики и Буш

Малики и Буш

Американскиот претседател Џорџ Буш му ја искажа целосната доверба на ирачкиот премиер Нури ал-Малики и неговата влада, и покрај анархијата во Ирак. “Тој е вистинскиот човек за Ирак”, рече Буш пред новинарите по двочасовниот разговор со Малики и ја пофали смелоста на шефот на ирачката влада. Малики, пак, на Буш му го искажа разочарувањето дека безбедносните сили се’ уште не се во состојба успешно да ги сузбиваат екстремистите. Шиитот Малики од своја страна им се спротивстави на шпекулациите за наводно растечко влијание на иранскиот шиитски режим во Ирак.

Американските трупи ќе останат во земјата се’ додека не биде исполнета задачата, повтори Буш и во оваа пригода и рече дека со Малики се усогласиле околу чекорите што треба да бидат преземени за ирачките безбедносни сили побрзо да бидат доведени во состојба да ги преземат задачите од странските коалициони трупи. Но, за тоа е потребно време, додаде американскиот претседател.

Ни Буш, ниту Малики не укажаа на некаква нова стратегија против насилството во Ирак. “Подготвени сме за промени”, но не треба да се очекува некаква радикална промена на стратегијата, рече Буш. Тој прво сакал да ги слушне препораките од воените лидери во Пентагонот, како и од други страни надвор од владата, пред да донесе решение за нова стратегиска и тактичка ориентација.

Од владата востановената Комисија, предводена од некогашниот американски министер за надворешни работи Џејмс Бејкер, се договори околу заеднички препораки за нова политика во Ирак. “Постигнавме консензус, а ќе го објавиме на 6-ти декември”, најави во Вашингтон демократот Ли Хемилтон, копретседавач на комисијата.