1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Буш и Кери се судрија очи в очи

Републиканецот Џорџ Буш и Демократот Џорџ Кери влегоа во финишот на трката за Белата Куќа , учествувајќи во првиот од трите планирани телевизиски дуели .

Кери и Буш еден наспроти друг

Кери и Буш еден наспроти друг

Американскиот претседател Џорџ Буш и сенаторот Џон Кери го одржаа првиот ТВ дуел во рамките на кампањата за претседателските избори во САД. Во фокусот на дебатата беше надворешната политика и националната безбедност. Но војната во Ирак доминираше во 90 минутниот дуел , при што како републиканскиот претседател така и демократскиот предизвикувач за себе тврдеше дека е најспособен да ја води нацијата .

Кери го обвини претседателот Буш , за огромна грешка во проценката околу Ирак , истакнувајќи дека Буш избрзал да покрене војна без притоа да добие доволно подршка од сојузниците или да се обиде да најде мирно решение за проблемот .

Од својастрана Буш пак го обвини Кери дека премногу често го менува мислењето за да биде претседател алудирајќи притоа , на одлуката на кери да ја подржи војната во Ирак , која сега ја означува како голема грешка .

"Пред се она што сака мојот ривал да го заборавите е дека тој гласаше за употреба на сила а сега вели дека тоа била погрешна војна , на погрешно место во погрешно време. Не гледам како вие би ја воделе земјата , како би успеале во Ирак ако зборувата за погрешна војна погрешно време погрешно место. Каква порака е тоа за нашите трупи каква порака е тоа за нашите сојузници и впрочем каква порака е тоа за Ирачаните" –истакна Буш.

Искусниот сенатор Кери возврати:

“Јас направив грешка за тоа како зборував за војната , но претседателот направи грешка извршувајќи инвазија врз Ирак – што е пострашно". За Џон Кери многу работи беа во игра. Во истражувањата на јавното мислење тој е значително зад Буш, и затоа мораше да напаѓа. Но, во аудиториумот на Универзитетот во Мајами тој дебатат ја почна видливо нервозен, речениците ги почнуваше и прекинуваше. Наспроти тоа, Буш беше мирен и опуштен и ги повторуваше своите познати аргументи околу водечката улога на Америка во борбата против злото во светот:

”Ние се бориме против терористите насекаде во светот, за да не мораме да се бориме против нив дома. Ќе склучуваме и натаму сојузи, но јас никогаш нема да ги подредам нашите безбедносно-политички интереси на интересите на политичарите од другите земји. ”

Џон Кери, кој во текот на едноиполчасовната дебата стануваше се подобар, контрираше:

”Мислам дека Америка би била најбезбедна и најсилна кога би го водела светот во силни сојузи.”

На Буш тоа не му успеа и во Ирак влезе во војна без доволен број сојузници и без план. Тој намерно ја измамил јавноста околу оружјето за масовно уништување и целта на војната. Освен тоа, напагајќи го Садам Хусеин го нападнал погрешниот:

”Садам Хусеин не ни направи ништо. Осама Бин Ладен и Ал Каеда беа тие што не нападнаа.” истакна Кери.

Педесет милиони Американци ја гледаа првата од трите планирани телевизиски дебати кои според мислењето на набљудувачите би требало да бидат одлучувачки во трката за Белата Куќа.