1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Буш и Блер за Блискиот Исток

Темата Блиски исток доминира и на разговорите во Белата Куќа во Вашингтон меѓу американскиот претседател Џорџ Буш и британскиот премиер Тони Блер.

Џорџ Буш и Тони БЛер

Џорџ Буш и Тони БЛер

Шефот на британската влада е изложен на силен притисок да побара од Буш да повика на прекин на огнот. Американскиот претседател изјави дека е вознемирен од уништувањата во Либан, но отфрли каков било лажен мир, со кој смета дека нема да запрат нападите на екстремистите врз Израел

„ Што и да се направи по дипломатски пат мора да се однесува на главната цел. А тоа се терористичките активности. Една од работите за кои зборував кога ова започна да се случува, е дека е многу важно либанската демократија да преживее и да стане силна. Нашата политика е насочена токму кон тоа„ рече Буш