1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Буш и Блер за Бејкеровиот извештај

Американскиот претседател Џорџ Буш ги разгледува опциите за идната политика кон Ирак. Неговиот политички сојузник, британскиот премиер Тони Блер, беше првиот со кого Буш синоќа во Вашингтон ги разгледуваше опциите. Двајцата го поздравуваат извештајот, но сепак нивните ставови донекаде се разликуваат:

Џорџ Буш и Тони Блер

Џорџ Буш и Тони Блер

Британскиот премиер пред патувањето во Вашингтон предлогот за преговори со Иран и Сирија. го оцени како добар Џорџ Буш од своја страна ги кажа условите:

„ Тие знаат што се очекува од нив, ако би воделе разговори со Сирија, тогаш тоа би изгледало вака: Престанете да ја дестабилизирате владата на Либан, да шверцувате оружје во Ирак, не им давајте засолниште на терористите„

Иран, продолжи Буш мора да ја запре нуклеарната програма. Британскиот премиер Тони Блер од своја страна нагласи:

„ Што се однесува до Ирак, јас како и вие претседателе го поздравувам извештајот на Бејкеровата комисија која нуди насоки за идните акции„“

Џорџ Буш беше малку порезервиран:

„ Не верувам дека Џим Бејкер и Ли Хамилтон од нас очекуваат да ги спроведеме сите нивни предлози. Знам дека тие очекуваат сите предлози добро да ги провериме„

Покрај директните преговори со Иран и Сирија во извештајот се бара повлекуавње од Ирак до пролетта 2008 и нови напори за решавање на палестинско израелскиот судир. Последново е приоритет и на британскиот премиер Тони Блер, кој наскоро треба да патува на Блискиот исток

„ Важно е да направиме се што можеме во регионот на Блискиот и средниот исток за да воспоставиме мир. Така не само во регионот, туку и во целиот свет ќе сигнализираме дека во спроведувањето на нашите принципи постои рамнотежа„

Џорџ Буш го нагласи досегашниот ангажман на министерката за надворешни работи Кондолиза Рајс и додаде дека на сила неможе ништо да се стори. Тој го подвлече главниот недостаток:

„ Влада на национално единство на палестинците која ги прифаќа принципите на блискоисточниот квартет и со која Израел може да преговара„

Вашингтон бара и признавање на Израел.