1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Буш и американскиот конгрес

За американскиот претседател Џорџ Буш доаѓаат тешки времиња: репуликанецот веќе нема да го има мнозинството на неговата партија во Конгресот. Од денеска против себе ќе го има мнозинството на демократите, иако е сосема мало. Демократите можат да бидат непријатен противник за Буш, што веќе се наѕира.

Буш ќе мора да се соочи со новиот остав на Когресот

Буш ќе мора да се соочи со новиот остав на Когресот

Честитки и желба за добра соработка. Тоа беа поздравните тонови на претседателот Џорџ Буш до 110-десеттиот американски конгрес пред официјалното почнување на работата:

„Се надевам дека демократите и републиканците ќе најдат заедничка основа за да им служат на нашите граѓани и да ја завршат својата работа„.

Тоа е само желба на републиканскиот претседател. Новото демократско мнозинство во обата дома на конгресот може да ги направи тешки бушовите последни две години од мандатот. Од тие причини со избрани зборови го предупреди политичкиот противник:

„Конгресот се промени, но не и нашите обврски кон земјата„.

Лидерот на демократскоот мнозинство Хари Рид, од изборите наваму искажува великодушна убеденост во надпартиска соработка:

„Изборите минаа. Сега треба да се направи чекор напред при што ќе владее надпратиска отвореност за да се постигнат резултати. Ние ветивме и ќе го одржиме зборот„.

Ветување што Рид можеше многу лесно да го даде, зашто демократите ги држат сите конци во нивни раце: победниците на изборите ги имаат претседателствата и мнозинството во сите одбори. Првата жена претседател на американскиот претставнички дом во историјата Ненси Пелоси изјави:

„Демократското мнозинство го слушна гласот на американскиот народ. Ќе му го вратиме интегритетот на Вашингтон. Ние ќе бидеме најискрениот, најетичкиот и најотворениот конгрес во историјата„.

Таа има намера во првите 100 дена да бидат усвоени здравствената реформа, зголемувањето на најниските плати, помогањето во истражувањето на матичните клетки, како и поефтини кредити за студентите.

Меѓутоа, Џорџ Буш новите во Вашингтон веднаш ги соочи со најважната тема во неговата агенда - парите:

„Во наредниот месец ќе го предложам буџетот за наредните пет години. Дефицитот мора да биде балансиран до 2012 година. Тој ги ограничува трошоците и поставува приоритети. На прво место заштитата од радикалите и терористите„.

Значи, доволно материјал за конфликти.