1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Буш – Ирак – повлекување

*

Американскиот Претседател Џорџ Буш уште еднаш го одби барањето за назначување рок за повлекување на силите од Ирак. Во говорот до нацијата по повод вчерашниот Ден на независноста на САД, Буш порача дека и тој со нетрпение го чека денот кога во Персискиот залив ќе останат само мал број американски војници. Но, потребно е време додека неговата стратегија да вроди со плод, објасни Буш во говорот во воената база во Вест Вирџинија.