1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Буш за Либан и Иран

Американскиот претседател Џорџ Буш побара итно испраќање меѓународни сили за Либан и реализирање на резолуцијата на ОН.

Американскиот Претседател Џорџ Буш

Американскиот Претседател Џорџ Буш

„Новата резолуција дава мандат за испраќање до 15.000 војници. Времето притиска и мораме што е можно побрзо да ги определиме правилата за овој мандат, исто како и да го решиме прашањето за водечката улога во мисијата. А потоа треба да уследи итно испраќање на војниците на теренот за да го обезбедуваат мирот„ – побара американскиот претседател Џорџ Буш во првата прес конференција по летната пауза.

Буш изрази разочарување од понудата на Франција да испрати само 200 војници, на мест првобитно прдвидените 3.000. Неговата влада врши и понатаму притисок врз Франција и другите земји да го зголемат контингентот. САД нема да испраќаат свои војници во кризниот регион, но ќе пружат логистичка поддршка. Либан е важен дел од стратешкиот план на САД за демократизација на Блискиот исток, порача Буш. За таа цел неопходно е и разоружување на Хезболах милицијата.

Во оваа пригода американскиот претседател се осврна и на спорот околу атомската програма на Иран. Спроед најавите официјален Техеран требаше денеска да го објави одговорот на понудата на петте Западни земји. Ултиматумот на Советот за безбедност истекува во секој случај до крајот на овој месец.

„Резолуцијата на ОН предвидува Советот за безбедност да се занимава со оваа тема на 31. август. При тоа најважна е политичката волја. Ние ќе продолжиме да ја потсетуваме меѓународната заедница каква опасност се заканува од Иран што би бил опремен со атомско оружје.„

Буш индиректно му се закани на иранското раководство со санкции и изолација. Иран е впрочем дел од проблемот на Блискиот исток и предизвикува нестабилност во регионот. Државите како Иран се во принцип закана за безбедноста и на САД – нагласи претседателот Буш.