1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Буш е под притисок

Американскиот претседател Џорџ Буш се наоѓа под притисок поради неговите наводни планови за објавување на временски план за натамошните постапки во Ирак.

Џорџ Буш

Џорџ Буш

Водечки членови на опозиционата Демократска партија побараа од Буш да го претстави таквиот временски план пред делумните избори за Конгресот на 7 ноември годинава. Притоа мора да бидат содржани и термини за повлекувањето на американските војници од Ирак – пиорачаа сенатори од редовите на демократите . Весникот Њујорк Тајмс претходно повикувајќи се владини кругови извести дека САД сакаат да ја задолжат ирачката влада да спроведе конкретен временски план за пореземања поголеми обврски околу безбедноста на земјата.