1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Буш денеска во Мајнц

По престојот и самитите со НАТО и ЕУ во Брисел, американскиот претседател Џорџ Буш денеска ќе допатува во Германија, поточно во Мајнц, на средба со германскиот канцелар Герхард Шредер. Мајнц е практично во опасадна состоја под зголемени безбедносни мерки, но и демонстрации што се заедно го запре нормалниот живот во градот. Пред средбата со Буш, канцеларот Герхард Шредер даде интервју за германската телеви

„Не е добредојден„ - тоа е слоганот на денешните демонстрации против Буш

„Не е добредојден„ - тоа е слоганот на денешните демонстрации против Буш

�ија АРД.

“За многу важни прашања постои согласност. Во Брисел разговаравме за Блискиот исток и видовме дека американскиот претседател вистина ќе се ангажира да го унапреди мировниот процес. А, за тоа постојат добри изгледи. Околу Ирак сега е битно да продолжи стаблизацијата и дека Германија ќе приодонесе, но е прифатено дека ние нема да испраќаме војници. Околу Иран пак, што ме радува, заеднички е ставот дека ситуацијата треба да се разреши по дипломатски пат. Целта е единствена; откажување на Иран од атомско оружје“.

Запрашан за тоа што ќе разговараат во Мајнц, Шредер вели дека главно ќе стане збор за НАТО, меѓутоа и за протоколот од Кјото за заштита на човековата околина:

“Ние јасно ќе кажеме што правиме во трансатлантскиот сојуз и заеднички во Авганистан, на што сме посебно горди. Веројатно околу Кјото нема да разговараме директно за протоколот, туку за вкупниот однос. Ние го ратификувавме, Американците не се подготвени за тоа, но може да соработуваме. Обете земји располагаат со технологии што се важни на тоа поле. Како да соработуваме тоа ќе биде дел од разговорите и јас сум оптимист дека ќе имаме успех“.

Во врска со огромното обезбедување што е преземено во Мајнц и пошироката околина, Шредер изјави:

“Морам да кажам дека кога на гости доаѓа американскиот претседател мора да се биде сензбилиен во врска со безбедноста. Тој е радо виден гостин и јас затоа молам да се прифатат ограничувањата, бидејќи за нас Германците пријателството со Америка е важно и треба да го респектираме фактот дека во Америка има посебни мерки за безбедност што кај нас не се познати“.

Инаку, освен мерките за безбедност и најавените демонстрации ќе го парализираат Мајнц.

Еден постар демонстрант набројува некои од причините зошто тој и неговите ќе излезат на улиците против Буш:

“Најнапред неоправданиот напад врз Ирак. Потоа противправното држење во затвор на преку 200 лица во Гвантанамо, како и измачувањата во Абу Гариб“.

Една жена не набројува конкретни причини, па сепак се ангажира:

“Зашто сум против неговата политика и зашто мислам дека е добро што луѓето ќе излезат на улиците да демонстрираат и да настапуваат за мир“.

На денешните демонстрации се очекува да учествуваат меѓу 6 и 10 илјади луѓе.