1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Буш: демократијата понекогаш мора да се брани и со употребата на сила

Американскиот претседател Буш Џорџ ги исполни очекувањата во Лондон. Во долгоочекуваниот и најавуван говор повторно застана во одбрана на воената интервенција во Ирак. Не го педомислија ниту поколебаа настаните од Ирак и речиси секојдневните американски жртви и медиумски напади во кои се доведува во прашање целата операција. Употребата на воена сила беше неопходна за соочување со глобалната терористичка закана.

"Во некои случаи, одмерената употреба на сила е она што не штити од хаотичниот свет во кој владее силата", рече Буш пред високите гости во палатата Вајтхол. Во однос на противењето на некои од европските држави за војната во Ирак Буш со помалку цинична замерка - во Европа во секоја генерација имаше принципиелни замерки од употребата на сила", но од "себични побуди". Тој и се заблагодари на Велика Британија за поддршката која им ја даваат во операциите низ светот:

"Британскиот народ се еден вид партнери кои ги посакувате кога имате да завршите сериозни работи. Луѓето на кралството се љубезни и добри, но и храбри, а Америка е среќна што може оваа земја да ја нарече најблискиот пријател во светот", рече Буш и вети дека САД ќе си ја доврши започнатата работа:

"Ние ќе си ги исполниме обврските во Авганистан и Ирак довршувајќи го процесот на демократизација кој го започнавме. Имаше доста несогласувања меѓу вашата и нашата земја околу курсот и тајмингот на воената акција за Ирак. Но, пред нас имавме само две опции - да го сочуваме светот или тој да се распарчи. Неуспех на демократијата во Ирак би го фрлил народот таму во мизерија и земјата би ја презеле теористите кои сакаат да не уништат. Сега демократијата ќе успее во Ирак поради тоа што нашата желба е цврста, а ветувањето силно", аргументираше американскиот претседател.

Тој им испрати порака и на страните во Блиско источниот конфликт - Израел да престане со "секојдневното понижување" на Палестинците, и да не го доведува во прашање мировниот процес градејќи огради и sидови, додека палестинците мора да престанат да ги толерираат и поддржуваат терористичките организации.

Буш не ги заборави ниту терористичките напади во САД од 11 септември 2001-та и повика тие да бидат потсетник за сите: "Надежта дека опасноста е помината е разбирлива, но и погрешна" , рече американскиот претседател.

"Цел на терористички напади се невини луѓе. Тие убиваат илјадници луѓе, а кога би дошле до оружје би убиле и милиони..Злото е очигледно, а опасноста се зголемува со негирање дека постои", рече Буш.