1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Буш го смирува тонот спроти средбата со Путин

Американскиот претседател Џорџ Буш побара од Русија со поголема лежерност да разговара околу оспоруваниот анти ракетен штит на САД.

default

Најблиските сојузници: Џорџ Буш и Тони Блер во Хајлигендам

Ракетите се насочени само кон т.н. “непресметливи држави“ кои би сакале да вршат притисок врз Западните земји, порача денеска Буш по разговорот со британскиот премиер Тони Блер во Хајлигендам. Според дневниот ред Буш попладнево ќе се сретне со рускиот колега по функција Владимир Путин во обид да се надминат недоразбирањата околу овој проблем.

На средбата Буш Блер во Хајлигендам станало збор и за дел од другите теми што се на агендата на самитот на Групата Г8. Американскиот претесдател при тоа ја нагласил политичката волја за соработка околу заштита на климата. Буш дури најавил дека САД ќе ја преземат водечката улога на тој план. Истовремено тој порачал дека е неопдходно во тој процес да се вклучат и Индија и Кина, како индустриски земји во подем.

Од редовите на германската делегација се дознава дека навистина има напредок во тешките преговори околу затоплувањето на климата. Тие се должат на разговорите што шефовите на држави и влади на Г8 ги водеа синоќа за време на заедничката свечена вечера, како и на преговорите што до доцна во ноќта ги водеа посредниците. Индиции во таа насока имаше уште по вчерашниот разговор меѓу канцеларката Ангела Меркел и американскиот претседател Џорџ Буш. По повеќе од едночасовниот разговор високиот гостин од Вашингтон вети барем учество на САД во мултилатералните преговори околу заштита на климата за договор што ќе го наследи оној од Кјото:

“Кај Вас дојдов со силна желба да работам на договор што ќе го наследи оној од Кјото, договор околу тоа како да ги оствариме важните цели за ограничување на штетните издувни гасови. Втора цел е поголемата независност на полето на снабдувањето со енергија.“ - порача Буш.

Домаќинката на средбата оцени дека била постигната голема мера на согласност, иако при тоа не прикриваше дека на самитот во Хајлигендам очигледно нема да има спогодба со конкретни обврзувачки цели за заштитата на климата.

“Мислам дека знаеме сите оти европските цели што си ги поставивме и од кои не отстапуваме ни понатаму, дека тие не можат веднаш да станат цели што ќе ги прифати целиот свет. Она што е за мене критериум за успешноста на самитот, тоа е дали на крајот ќе има напредок или не. А во таа насока е добро веќе и тоа што постои согласност околу фактот дека климатските промени ги прдизвикуваат луѓето и дека по договорот од Кјото ќе ни треба нов процес и тоа во рамките на ОН“ - нагласи Ангела Меркел.