1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Буш го прифати планот за делумно повлекување од Ирак

*

Американскиот претседател Џорџ Буш во телевизиско обраќање пред нацијата соопшти дека САД постепено ќе го намалат военото присуство во Ирак, но отфрли можност за целосно повлекување. Тој нагласи дека до крајот на годинава ќе бидат повлечени 5700 војници, а уште 20.000 ќе заминат од Ирак до јули наредната година. Притоа тој јасно даде до знаење дека постепеното повлекување не значи и промена на американската стратегија во Ирак. Буш нагласи дека е потребно американските војници да останат на теренот и по крајот на неговиот мандат. Демократите во Конгресот реагираа со критика на планот на Буш. Ирачкото крило на терористичката Ал Каеда во меѓувреме преку видео порака на интернет ги повика американските граѓани да ја отфрлат политиката на претседателот Џорџ Буш.