1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Буш го осуди убиството на Буто

Убиството на пакистанската лидерка на опозицијата Беназир Буто наиде на општа осуда во демократскиот свет. Меѓутоа, како што можеше и да се очекува, најострите зборови дојдоа од Вашингтон

default

Буш:повик до Пакистанците да го продолжат процесот на демократизација

Како што се очекуваше, Џорџ Буш настапи со остри зборови. Американскиот претседател го осуди убиството на поранешната пакистанска премиерка и сегашна лидерка на опозицијата Беназир Буто:

„Соединетите Држави го осудуваат ова кукавичко дело на екстремистите извршено со цел да се закопа пакистанската демократија„.

Буш побара извршителите да се најдат пред суд, барање кон кое се придружија и двајцата републикански претседателски кандидати. Руди Џулијани подвлече дека атентатаот уште еднаш го покажа значењето на борбата против тероризмот. Неговиот конкурент Мит Ромни изјави:

„Оваа загуба на човечки живот покажа дека ние и другите цивилизирани нации на запад и во муслиманскиот свет мораме да се обединиме во поддршката на умерените муслимански сили„.

Новиот чин на насилство во Пакистан го стави Буш повторно под притисок околу неговиот однос кон пакистанската влада на Первез Мушараф, важен сојузник во битката против Ал Каеда. Буш беше изложен на критики откако Мушараф во почетокот на ноември воведе вонредна состојба во земјата, а Вашингтон реагираше мошне воздржано. Сега Буш изјави:

„Ние сме на страната на пакистанскиот народ кога се ангажира во одбрана против силите на тероризмот и екстремизмот. Бараме од пакистанскиот народ споменот на Беназир Буто да го сочува на тој начин што ќе го продолжи процесот на демократизација за кој таа го посвети својот живот„.