1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Буш гледа паралели меѓу Ирак и Виетнам

Споредбата е малку испревртена,не се однесува на грешката да се почне војната,туку на предрвременото повлекување.Буш зборуваше пред ветераните во Канзас Сити.

default

Американскиот претседател зборувајќи за демократскиот пресврт во Јапонија,некогашниот воен противник,а сега тесен сојузник, дојде на темата Јужна Азија:

"Крајно,тука е и Виетнам,тешка и болна работа за сите Американци."

Нивното мнозинство патем смета дека тоа беше погрешна војна,во која Америка не требаше да се впушти.Буш ја сврте работата:го критикуваше не почетокот,туку крајот,повлекувањето на САД.Денеска не само Демократите веќе одамна повикуваат на вакво повлекување.Во средината на 1970-те гоидни тоа имаше фатални последици,рече Буш:

"Во Камбоџа завладеа убиствениот режим на Црвените кмери.Илјадници изгладнеа,беа убиени или мачени.Во Виетнам сојузниците на САД,владини соработници,интелектуалци и бизнисмени стигнаа во затвор,илјадници од нив умреа."

Буш зборуваше за легитимна дебата за Виетнамската војна,но:

"Какво и да е вашето мислење за тоа,едно е неспорно:цената на американското повлекување тогаш ја платија милиони недолжни граѓани."

Ова може да се повтори и на Средниот исток,ако Американците предвреме го напуштат Ирак,а последиците ќе бидат и уште поголеми според Буш:

"Ако си заминеме пред да ја завршиме работата,непријателот ќе не следи до дома."

Јасна порака од говорот на Буш:сеуште нема сигурни паралели со Виетнам,но тоа може да се измени ако се повтори тогашната грешка.А се додека е тој претседател,Американците остануваат во Ирак.Зашто,работата,значи ослободувањето и демократизацијата на Ирак уште долго нема да биде завршена.А и тогаш кога ќе биде:

"Слободен Ирак нема да биде перфектен.Но тоа ќе биде тежок пораз за терористите од Ал Каеда,пример кој на милиони луѓе на Средниот исток им дава надеж и важен сојузник во борбата на идеологиите",рече Буш.