1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Буш ги обвини демократите

Американскиот претседател Џорџ Буш ги обвини демократите во Конгресот дека се мешаат во американската воена стратегија во Ирак. „Членовите на конгресот треба да престанат да носат политички одлуки и изјави туку да донесат одлука за неопходните фондови за нашите трупи,“, рече Буш. Тој најави дека ќе стави вето на секој закон кој условува предвремено повлекување на американските трупи од Ирак. Конгресот вчера донесе одлука да го потпише законот за финансирање на американските воени мисии во Авганистан и Ирак, но под услов трупите да се повлечат до 2008 година.