1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Буш во Рим агитираше за нова резолуција за Ирак и доби поддршка од Берлускони

Американскиот претседател Џорџ Буш во меѓувреме допатува во Париз. Денеска нему му претстои средба со францускиот претседател Жак Ширак на која, како и претходно во Рим, во фокусот ќе биде ситуацијата во Ирак.

Буш и Берлускони во Рим

Буш и Берлускони во Рим

Во Рим Буш доби ветување од италијанскиот премиер Силвио Берлускони за трајна поддршка за политиката спрема Ирак. Италија останува на страната на САД и нема да ги повлече своите војници се‘ до изборот на нова ирачка влада во јануари наредната година, рече Берлускони на заедничката прес-конференција по нивната денешна средба во италијанскиот главен град.

Буш искажа убедување дека ќе биде остварен политички и дипломатски напредок по ирачкото прашање: “Чувствувам дух на единство по прашањето за соработка со новата ирачка влада. Затоа ние тесно соработуваме со другите земји за да добиеме нова резолуција на Советот за безбедност на ОН. Јас сум уверен дека наскоро ќе ја имаме”.

Буш на прес-конференцијата зборуваше дека Западот сега се наоѓа на пресвртница и извлече паралела со борбата против комунизмот по Втората светска војна – слободниот свет тогаш не попушти пред комунизмот; сега станува збор за тоа Западот да опстои на своите вредности и да ја шири демократијата, рече Буш. Тој се покажа неимпресиониран од големите демонстрации во Рим по повод неговата посета. “Демократијата е убава работа. Се радувам што сум во земја во која луѓето смеат да го искажат своето мислење” - прокоментира американскиот претседател.