1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Буш во НАТО

default

Американскиот претседател, Џорџ Буш, во рамки на неговото петдневно помирувачко патување апелираше до европските шефови на држави и влади на земјите членки на НАТО да се закопа судирот околу ирачката војна:

“НАТО е жива врска за САД и Европа. Во мојот говор вчера реков дека една силна Европа е важна за САД и тоа навистина го мислев.“

Водечката сила во алијансата не гледа повод за менување на ваквата врска или за нејзино реформирање, или за дозволување Европејците да имаат повеќе право на соодлучување, велат американски дипломати. А, токму тоа, пред десет дена на безбедносната конференција во Минхен го предложи германскиот канцелар, Герхард Шредер. И генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, во овој дел гледа потреба од менување:

“Токму како што ние стремиме кон подобро употребливи сили, треба да стремиме и кон тоа овој совет на НАТО да биде најдобро тело за дискусии и решенија кои се однесуваат на нашата безбедност.“

Германскиот канцелар, Герхард Шредер изјави дека само ако се донесуваат заеднички одлуки, може да се понесе и заедничка одговорност. Шредер има намера своите планови да му ги претстави на американскиот претседател најдоцна утре, кога Буш доаѓа во Мајнц.

Шефовите на држави и влади на 26-те земји членки на алијансата во Брисел говореа со помирувачки тонови и ги истакнаа пред се заедничките успеси, како мировните мисии во Авганистан или на Балканот. Во мисијата на обука на ирачки полицајци, намера да учествуваат про форма, во најмала рака барем финансиски, имаат сите земји на НАТО. Но, Германија и повеќе други земји сакаат и натаму обуката да ја вршат надвор од границите на Ирак.

Инаку, пред шефовите на држави и влади на НАТО да се позанимаваат со американско-европските односи, новоизбраниот претседател на Украина, Виктор Јушченко, имаше прилика во НАТО, како гостин, да ги претстави неговите реформски планови. Јушченко ја повтори својата желба – да ја однесе Украина во ЕУ и НАТО што е можно побргу. Украина не и е сосед на Европа, туку е дел од европското семејство, изјави Јушченко.

Генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, ја пофали храброста и силата на дејствување на Виктор Јушченко, но не можеше да му понуди јасна перспектива околу зачленувањето. Во основа, рече Де Хоп Шефер, вратата на северно-атлантската алијанса е отворена за секоја европска демократија, доколку таа исполнува определени критериуми. Сега се работи за тоа – веќе договореното партнерство меѓу Украина и НАТО да се надградува:

“Ве уверувам дека НАТО е подготвен да работи со вас, да ве поддржува и да ви помага за да изградите подобра иднина за Украина. Сите сојузници се чувствуваат обврзани на поцврсто партнерство со Украина.“

Доцна попладнево повеќето шефови на држави и влади се преместуваат во главниот штаб на алијансата во Брисел. Таму ќе настапат како ЕУ и заедно со гостинот Џорџ Буш ќе разговараат за состојбата на Блискиот исток.