1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Буш – вето

Американскиот претседател, Џорџ Буш, стави вето врз законот со кој се бара почеток на повлекувањето на американските сили од Ирак уште годинава. Буш изјави дека нема смисол на непријателот да му се каже кога се планира повлекување. Демократите со своето мнозинство го донесоа законот во двата дома на американскиот парламент. Тие одобрувањето дополнителни финансиски средства за мисиите во Авганистан и Ирак го условија со барањето - трупите да почнат да се повлекуваат во октомври и тој процес да заврши до крајот на март 2008 година. Шефот на демократите во американскиот сенат, Хери Рид, изјави дека Буш мора да соопшти како има намера да ја заврши војната во Ирак.