1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Буш вети долга војна против тероризмот

Американскиот претседател Џорџ Буш по повод петата годишнина од нападите на 11 септември 2001 година му се закани на лидерот на Ал Каеда , Осама Бин Ладен и одново го бранеше американскиот воен ангажман во Ирак

default

Во обраќањето до нацијата во најгледаниот телевизиски термин ,американскиот претседател најнапред потсети на хоророт од 11 септември 2001 година:

„Пред пет години , овој ден 11 септември се врежа во паметењето на Америка. 19 лица не нападнаа со варварство незапамтено во нашата историја. Тие убија луѓе од сите бои и националности – и му објавија војна на целиот слободен свет“ - истакна Буш додавајќи дека раните од тој ден сеуште се свежи кај американскиот народ .

Тој притоа му упати порака на лидерот на Ал Каеда Осама Бин ладен , кој важи за идеолог на нападите во кои загинаа 3000 лица и кому и покрај сите напори сеуште САД сеуште не можат да му влезат во трагот :

„Осама Бин Ладен и останатите терористи , сеуште се кријат . Нашата порака до нив е јасна : Без оглед колку време ќе биде потребно, Америка ќе ве пронајде и ќе ве изведе пред лицето на правдата“

Во неговиот говор Буш ја бранеше и американската интервенција во Ирак со веќе честопати слушнатата реторика :

„Без оглед какви грешки беа направени во Ирак , најголема грешка би било да се мисли дека доколку се повлечеме од таму терористите би не оставиле намира . Тие нема да го направат тоа- истакна американскиот претседател поентирајќи:

„ Безбедносна на Америка зависи од исходот на борбата на улиците на Багдад“

Според Буш на САД им претстои тежок пат , и за да се издржи на тој пат е потребна одлучност и обединетост :

„ Оваа борба е наречена борба на цивилизациите. Во суштина тоа е е борба за цивилизацијата“

На внатрешно политичката сцена во САД , говорот на Буш веднаш наиде и на жестоки критики пред се кај опозиционите Демикрати . Претседателот треба да се засрами- изјави сенаторот Едвард Кенеди . Тој на денот на национална жалост намести да им одаде почит на загинатите ја бранеше својата војна во Ирак.