1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Буш-Браун

*

Американскиот претседател Џорџ Буш и британскиот премиер Гордон Браун на разговорите во Кемп Дејвид покажаа единство околу решавањето на клучните стратегиски прашања за двете земји. Политиката кон Ирак и Иран останува иста. Двајцата политичари се согласија дека санкциите кон Иран засега дејствуваат, но треба да се заострат преку нова резолуција во ОН. Гордон Браун сепак не кажа уште колку долго британските сили ќе останат во Ирак. Лондон го дели ставот со САД и има за цел чекор по чекор да ја префрли контролата врз ирачките власти.