1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Буш – Блиски исток

*

Американскиот претседател, Џорџ Буш го обвини Иран дека го дестабилизира Блискиот исток. Иран е водечкиот државен спонзор на тероризмот, изјави Буш пред воените ветерани во Рено, во сојузната американска држава Невада. Според него, “најважниот и најитен начин да се спречат амбициите на Ал Каеда и Иран и другите сили на нестабилност и терор е да се добие битката во Ирак.“ Повлекување на американските сили би било погубно, рече Буш, зашто на тој начин Иран би можел да дојде до заклучок дека Американците се слаби и дека не можат да го спречат да дојде до атомско оружје. Пред говорот на Буш во Невада, иранскиот претседател, Махмуд Ахмадинеџад изјави дека по неуспех на Американците во Ирак, неговата земја би можела да го пополни вакуумот на власта што би настанал.