1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Буш бара поддршка за стратегијата во Ирак

Денеска се навршуваат четири години од почетокот на војната во Ирак. Американскиот претседател Џорџ Буш во видео порака до нацијата повторно ги отфрли повиците за повлекување на воените сили од оваа земја и побара трпение за спроведување на новата стратегија

Џорџ Буш

Џорџ Буш

Во краткото обраќање Џорџ Буш ја бранеше својата политика со признание дека извојувањето победа во Ирак нема да биде лесно:

“ На новата стратегија ќе и биде потребно повеќе време да даде резултат. Не очекуваат добри но и лоши денови во спроведување на планот. Додека им помагаме на ирачаните за обезбедување на главниот град Багдад, нивните лидери исто така почнуваат да ги прифаќаат утврдените цели за политичко помирување“

Џорџ Буш смета дека е прерано американските војници да го напуштат Ирак. Тој ги повика преставниците на Демократите во Конгресот да го поддржат неговиот план и да се откажат од одрдеување термин за повлекување од Ирак:

“ Можеби изгледа привлечно да се погледне кон предизвиците во Ирак и да се заклучи дека нашата најдобра опција е да се спакуваме и да се вратиме дома. Тоа можеби ќе биде добро на кратки патеки, но јас верувам дека последиците за американската безбеднос ќе бидат уништувачки. Доколку американските сили се повлечат предвреме од Багдад, насилството ќе се прошири низ целата земја а со време и во регионот“ рече Буш