1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Буш бара ослободување на британските маринци

Американскиот претседател Џорџ Буш за првпат јавно се вклучи во спорот меѓу Велика Британија и Иран и побара од Техеран итно и безусловно да ги ослободи 15-те заробени британски маринци. Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, пак, побара извинување од Велика Британија, обвинувајќи ја за ароганција и за кршење на меѓународното право. Сигнали за деескалација на спорот упатија министрите за надворешни работи на двете земји. Според медиумски извештаи, британската влада планира во Техеран да испрати офицер на морнарицата кој таму јавно би ветил дека британски војници никогаш свесно не би ги повредиле иранските територијални води.