1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Буш бара од Мушараф да ја симне униформата

Американскиот претседател Џорџ Буш го засили притисокот врз неговиот пакистански колега Первез Мушараф. Тој побара од него да ја напушти функцијата шеф на армијата и во јануари да се одржат парламентрани избори.

default

Остро предупредување до Мушараф: Буш бара избори во јануари

Американскиот претседател и наложил на министерката за надворешни работи Кондолиза Рајс оваа порака телефонски да му ја пренесе на Мушараф. Буш за првпат јавно се произнесе за воведувањето вонредна состојба во Пакистан.

„Ја замолив министерката Рајс телефонски да му ја соопшти мојата порака на Мушараф: дека очекуваме да се одржат избори и дека претседателот треба да ја симне воената униформа„.

Рајс, во телефонскиот разговор јасно соопштила дека САД не се согласуваат со воведувањето вонредна состојба и дека се разочарани од таквата постапка. Таа побарала од Мушараф да ја повлече одлуката и да се придржува кон планот за одржување парламентарни избори во јануари. Слична оценка, веќе изнесе и американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс за време на посетата на Пекинг:

„Го предупредуваме претседателот Мушараф колку што е можно побргу да ја врати земјата на патот на демократијата, уставот и правната држава„.