1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Буш бара засилување на НАТО-ангажманот во Авганистан

Американскиот претседател Џорџ Буш апелираше до земјите-сојузнички од НАТО , да го засилат својот ангажман во Авганистан. Буш по вчерашната средба со генералниот секретар на НАТО Јаап де Хооп Шефер во Тексас истакна дека тој ќе настојува да ги убеди земјите партнери во Алијансата да преземат поголем товар и сите да се соочат со еднакви ризици во Авганистан.