Буш бара засилен ангажман во Авганистан | Вести | DW | 22.05.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Буш бара засилен ангажман во Авганистан

Американскиот претседател Џорџ Буш апелираше до земјите-сојузнички од НАТО, да го засилат својот ангажман во Авганистан. Буш по вчерашната средба со генералниот секретар на НАТО Јаап де Хооп Шефер во Тексас истакна дека тој ќе настојува да ги убеди земјите партнери во Алијансата да преземат поголем товар и сите да се соочат со еднакви ризици во Авганистан.