1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Буш бара влада на национално единство во Ирак

Американскиот претседател, Џорџ Буш, го осуди нападот во ирачка Самара, кој во Ирак предизвика серија насилства и ја доведе земјата на раб на граѓанска војна. Тој ги повика ирачките политичари да состават влада на национално единство.

default

Џорџ Буш телефонирал со американскиот амбасадор во Ирак, Залмеј Калилзад и со командантот на американскитетрупи во таа земја, генерал Џорџ Кејси, за да се запознае со актуелната ситуација. Кејси, притоа му дал уверување, дека ирачките безбедносни сили добро го контролираат спроведувањето на полицискиот час и работат на повторно воспоставување ред и мир. Буш го осуди нападот на џамијата во Самара:

“Ваквиот бесмислен напад е напад врз сите верници на светот. САД го осудуваат ваквиот кукавички терористички напади сите други напади врз џамии и други верски објекти во земјата кои следуваа . Ќе направиме се за да и помогнеме на ирачката влада да ги пронајде одговорните и да ги изведе пред лицето на правдата.“

И покрај напрегнатата состојба , рече Буш, тој е оптимист дека Ирак долгорочно ќе биде успешен во изградбата на демократијата. Во вакви процеси на трансформација, неуспеси се неизбежни. Тој го пофали ајатолахот Али ал Систани, главата на шиитите во Ирак за неговата помирувачка рекација и апелираше до ирачките парламентарци да продолжат да преговараат околу составувањето влада на национално единство.

Буш се осврна и на тензичната ситуација на Блискиот исток. Од палестински Хамас побара да се одлучи дали ќе им биде непријател на САД. Развојната помош би можела да биде дадена само по откажување од теророт и по признавањето на правото на постоење на Израел:

“Меѓународната заедница мора и натаму да остане на својата позиција – дека демократски избрана влада не може со една нога да стои во кампот на демократијата, а со друга во кампот на теророт.“

На крајот Буш се обрати до Иран. Земјата е најголем поддржувач на тероризмот во тој регион, рече тој. Режимот во Техеран му се заканува на Израел и стреми кон атомско оружје. Затоа, од конгресот се побарани 75 милиони долари за поддршка на демократското движење во земјата.

“Новите финансиски средства ќе ни овозможат да ги засилиме нашите радио и телевизиски емисии во Иран. На тој начин ќе им дадеме поддршка на реформските сили, дисидентите, активистите за човекови права и цивилното општество во Иран, за тие да можат подобро да се организираат против репресивниот режим на клериците.“

Критичарите на владата во Вашингтон, наспроти тоа, бараат САД да преговара директно со Иран околу атомската програма . Такво нешто одвај дека може да се поврзе со мерките а дестабилизација во моментов. Белата куќа и натаму е за промена на режимот во Техеран.