1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Буш:успешен курс во Ирак

Три години по почетокот на ирачката војна,американскиот претседател Џорџ Буш стриктно отфрли предвремено повлекување на американските трупи.Тој сака да примени стратегија која ќе води кон победа во Ирак.

Буш е убеден во победата

Буш е убеден во победата

Демонстрации во целата земја:три години по почетокот на ирачката војна одобрувањето на воениот поход на владата на Буш постојано опаѓа,иако таа останува непроменето на својот курс.Американскиот претседател Џорџ Буш пред Белата куќа изјави:

-Ние ќе примениме стратегија која ќе води кон победа во Ирак.Таа победа ќе ја направи нашата земја посигурна и ќе стане основа за мирот за следните генерации.

За владата на Буш не доаѓа во предвид повлекување од Ирак,како што бараат критичарите и демонстрантите.Министерот за одбрана Доналд Рамсфелд во една статија во „Вашингтон пост“ дека повлекување од Ирак сега би значело исто кога повоена Германија би им била препуштена повторно на нацистите.

Во телевизиско интервју потпретседателот Дик Чејни го минимизираше отпорот против американските трупи. За граѓанска војна исто така неможе да стане збор според него:терористите се наоѓаат во стадиум на разочарување.

Сосема поинаку мисли поранешниот советник за безбедност Збигњев Бжежински.Тој смета дека САД се наоѓаат во исцрпувачка војна во којане можат да победат.Бжежински,кој порано беше советник на претседателот Џим Картер,на владата на Буш и префрлува за неприфаќање на реалноста и ширење пароли:

-Слушаме дека мора да го задржиме курсот или нејасни закани дека ќе дојде до дебакл ако го напуштиме Ирак.

Владата на Буш напротив им префрлува на медиумите како и на критичарите дека шират лоши вести,дека ги превидуваат напредоците во ирак.Потпретседателот Дик Чејни:

-Само автобомбите во Багдад предизвикуваат внимание,а не и тоа што се случува во останатите 15 провинции,каде напредува обновата на Ирак.

Од тоа Чејни заклучува дека САД се наоѓаат на курс на успехот.И претседателот Буш е охрабрен од напорите за создавање ирачка влада.

Збигњев Бжежински предлага промена на стратегијата во соработка со ирачката влада:

-Тие треба да побараат од нас да ја напуштиме земјата,да утврдиме цврст датум,да биде свикана меѓународна конференција и да помагаме отстрана.

План кој според Бжежински треба да го остварат Демократите,зашто од владата на Буш тоа не може да се очекува.