1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Бучковски ќе се брани од слобода

Поранешниот македонски премиер и министер за одбрана нема да биде задржан во притвор,одлучи истражната судијка, обвинувањата за злоупотреба на должноста остануваат

default

На излегување од судот,сопартијците и симпатизерите го пречекаа Бучковски со овации.

“Ја добивме битката за слободата,продолжува битката за демократија,битката за правна држава.Мислам дека ова е зрак надеж дека судството може да одолее на политичкиот притисок”,изјави Бучковски

Распитот траеше седум часа,истражната судијка проценила дека Бучковски нема да влијае врз сведоците,да избега од земјата или да го повтори делото за кое с етовари,злоупотреба на функцијата и зделка со која државата е оштетена за три милиони евра.Од обвинението Бучковски ќе се брани од слобода,за разлика од останатите вмешани во случајот набавка на резервни делови за тенковите од Бугарија кои се во притвор веќе неколку дена.

DW.COM