1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Бучковски осуден на три години затвор

Владо Бучковски и Методи Стамболиски осудени се на по три години затвор, Нелко Менкиновски и Ацо Ѓурчиновски на две години Митре Петковски, три години затвор во случајот „тенковски делови“.

default

Кривичниот суд денеска му одреди три години затворска казна на првобвинетиот во случајот „Тенковски делови“, поранешен премиер и министер за одбрана, Владо Бучковски. Судот пресуди затворски казни и за останатите четворица обвинети во овој случај.
Поранешниот началник на ГШ на АРМ, Методи Стамболиски и директорот на МЗТ ФОП, Митре Петковски добија по три години казана затвор, а поранешниот логистичар, Нелко Менкиновски и и поранешниот државен советник во Министерството за одбрана, Ацо Ѓурчевски по две години затвор.
Обвинетите треба да ја вратат отштетата која изнесува повеќе од два милиони
евра. Тие се осомничени за злоупотреби при набавка на тенковски делови вредни повеќе од два милиона евра со набавка на четирипати повеќе од потребните резервни делови за армиските тенкови Т-55. Овој предмет беше вратен на повторно судење откако Апелацискиот суд ја укина пресудата на Кривичниот суд, според која на Бучковски му беше одредена затворска казна.
Според Бучковски одлуката на судот е скандалозна.

„Судскиот процес се води шест години и продолжува тенденцијата за додворување на судиите на авторитетите. Нема ниеден доказ против мене. Апелацискиот суд даде насоки за ослободителна пресуда, меѓутоа судијката очигледно немаше храброст“, рече Бучковски.
Адвокатот на Бучковски, Никола Поленак пресудата ја нарече „виртуелна",
бидејќи за неа немало ниту еден доказ.