1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Бучковски на суд

Во скопскиот суд почна распитот на поранешниот македонски премиер Владо Бучковски, обвинет за финансиски малверзации тешки околу 3 милиони евра.

default

Поканата од судот стаса синоќа а Бучковски вети дека доброволно ќе дојде на распит. По сослушувањето истражниот судија треба да реши дали на поранешниот премиер ќе му биде одредена мерка притвор.

Бучковски беше претседател на македонската Влада од декември 2004 та до лани во јули кога неговата СДСМ ги загуби изборите. Заработи кривична пријава од финансиската полиција за злоупотреба на службената должност. Обвинет е дека во конфилкнтата 2001 година како министер за одбрана во времето на широката коалиција и владата на Љупчо Георгиевски ја оштетил државата со договор за набавка на резервни делови за оружјето на македонската армија. Станува збор за сервисирање на тенковите кои Бугарија и ги подари на Македонија во периодот кога за да стане членка на НАТО мораше да се ослободи од нив.

За истиот случај тогашниот началник на генералштабот, Методиј Стамболиски е веќе во притвор.

Опозицијата се жали на политичка пресметка

Кривичната пријава и можноста да биде уапсен бившиот премиер ја разбранува политичката сцена и јавноста во Македонија. Опозицијата се жали на политичка пресметка владата тврди дека води битка против организираниот криминал и корупција. Премиерот Никола Груевски на Илинден се пофали со досегашните резултати.

„Владата на Република Македонија напорно работи кон исполнување неопходни реформи,отвори жестока борба против корупцијата и против организираниот криминал.“

Шефот на државата Бранко Црвенковски побара да нема селективност во таа битка.

„Не смее да има поделба на наши и нивни,не бивши и сегашни,та аборба не смее да се води по политичка нарачка или за промотивни потреби.Не смее кршејќи ги принципите на правната држава апсењето да стане поважно од судската пресуда,а јавниот линч од доказите и фактите.Така не се води,така се злоупотребува и компромитира борбата против криминалот и корупцијата.“

Борбата против корупцијата-барање и од ЕУ

Политичките аналитичари сметаат дека високиот рејтинг на власта се должи делумно и на спектакларните апсења на звучни имиња од деловниот и општествениот живот во Македонија. Невладините организации во Македонија пак бараат да се почитува правото на презумпција на невиност. Пред екс премиерот Бучквовски и армискиот генерал Стамболиски кривични пријави и притвор заработија директорот на скопската фабрика Охис, Јорго Ќука кој важи за еден од највлијателните бизнисмени на македонската транзизија, балканскиот тајкун со австриско државјанство и македонско потекло Методиј Смиленски, директорот на ТМобајл Македонија Рубинчо Заревски, познатите лекари - пулмологот Дејан Докиќ и кардиологот Борче Петровски.

Во битката со корупцијата, еден од клучните приоритети кои Европа и ги наметна на Македонија на македонската влада и помага докажаната на ова поле, романката Моника Маковеј.

“Се дискутираше за она што е досега направено, за тоа што треба да се направи и се договоривме на кој начин ќе го водиме овој работен процес“, изјави поранешната министерка за правда на Романија, Маковеј кога беше промовирана како специјален советник на премирот Груевски за борба против корупцијата.