1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Бучковски на распит пред истражен судија

*

Владо Бучковски од утрово е на распит пред истражен судија во Скопје. Поранешниот премиер, на кого собраниската комисија за мандат и имунитетни прашања му го одзема имунитетот, е осомничен за злоупотреба на должноста во времето кога бил министер за одбрана. Тој се товари дека во 2001 година склучил договор со МЗТ ФОП за набавка на резервни делови за армиски тенкови, донација од Бугарија со што ја оштетил државата за 3 милиони евра. Бучковски изјави дека ќе соработува во истрагата.