1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Бучковски го подели Парламентот

Опозицијата и власта во македонскиот парламент ги спротисатвија аргументите за случајот Бучковски.Судејќи според жестината на дебатата,на одлуката ќе треба да се причека

default

Бучковски пред судот

Навреди,интриги,прегледување на телевизиски снимки,долги паузи,судски списи,па дури и целото досеи на сомнителната трансакција и прдажба на ОКТА пред седу години.Тоа беше само дел од политичкиот амбиент на долгата парламентарна дебата дали и зошто екс премиерот Владо Бучковски треба да остане без пратеничкиот мандат.

Тој е под истрага за можна проневера од околу 3 милиони евра во времето кога бил министер за одбрана.

Пратениците во парламентот во борбата против криминалот или за самостојноста на судството заемно се потсетуваа на своите поранешни грешки,актуелни криминални трансакции па дури и суспензии на институциите.