1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Бучковски говореше во Советот на Европа

Пред Парламентарното Собрание на Советот на Европа, македонскиот премиер Владо Бучковски побара поголема подршка од земјите членки на Советот на Европа и од организацијата, за европските перспективи на земјата, но и за сите други земји од Балканот.

Ван Дер Линден со поддршка за Македонија

Ван Дер Линден со поддршка за Македонија

Македонија на патот кон Европската Унија, беше главната тема во говорот на македонскиот премиер пред Парламентарното Собрание на Советот на Европа. Стекнувањето со кандидатски статус за полноправно членство во ЕУ, според Бучковски е силен сигнал не само за неа туку и за целиот регион.

"Република Македонија, наспроти многуте објективни проблеми што ги има, сепак сериозно се движи во правец на исполнување на стандардите за нејзиното вклучување во унијата. Постигнати се добри резултати во примената на вредностите на Советот на Европа, како што се демократијата, правата на човекот, владеењето на правото, почитувањето и унапредувањето на културните вредности...", истакна Бучковски пред парламентарците од 46-те земји членки на Советот на Европа.

Македонија, сега, е добар пример за стабилност и етничка толеранција во регионот и таа го заслужува епитетот „регионален лидер на соработка“, кој е битен предуслов за заеднички напредок.

Кандидатскиот статус, оцени Бучковски почна да ги дава првите резултати, а тоа е постојаниот интерес на странските фирми да вложуваат во Македонија", нагласувајќи дека овие реформи се непопуларни за наредните избори, но се важни за наредните генерации.

Сепак тој призна...

„...Факт е дека сеуште Република Македонија е по потрага за изнаоѓање на поефикасна динамика за побрз економски развој, за поефикасно функционирање на државните институции и за поефикасно справување со организираниот криминал и корупција.“

Македонскиот премиер, од говорницата во Стразбур побара европските институции пофлексибилно да пристапуваат кон државите кои покажуваат упорност во реализирањето на реформите, не само поради интересот на тие држави, туку и на ЕУ.

"Поради една ваква реалност неминовно е поинтензивно да се пренасочува балканската политичка енергија кон поголема поддршка од државите членки на ЕУ.“ рече Бучковски.

Одговарајќи на прашања на пратеници, а потоа и на конференцијата за печатот, на прашањето за границата во делот кон Косово македонскиот премиер рече, дека „Македонија бара партнер од другата страна, укажувајќи на важноста на договорот потпишан со Белград, но и дека нема шанси тој да биде партнерот, исто како и Приштина бидејќи нема легитимитет за таква работа“.

Околу прашањето со употребата на уставното име Бучковски рече :

„По парламентарните избори ние сме подготвени да ги зачестиме контактите и преговрите за можно компромисно решавање на тоа единствено отворено прашање со Грција - земја-членка на Унијата. Ние сме свесни дека во грчката политичка средина постои волја да се најде компромис.

Неизбежно, Бучковски мораше да одговори и на прашањето за кое се интересира Советот на Европа и сите светски медиуми, случајот „Ел Масри“.

„Македонија е отворена и подготвена за целосна соработка со СЕ со ЕП и посебно со претставниците на германскиот суд од Баварија. Ние одговоривме на прашањата на Советот на Европа и делегација на ЕП ќе дојде во Македонија, ние ќе бидеме транспратени“. Бучковски не сакаше да каже која беше улогата на Македонија во оваа афера, велејќи дека тоа ќе го одговори министерот за внатрешни работи.

Претходно, генералниот секретар на СЕ, Тери Дејвис му изрази благодарност на премиерот Бучковски за тоа што македонската влада ги доставила навреме но и за тоа дека дала детални информации по ова прашање, кои актуелно се анализираат во СЕ, не кажувајќи ништо повеќе.

Бучковски од највисоките претставници на Советот на Европа, претседателот на ПС на СЕ, Рене Ван дер Линден и генералниот секретар, Тери Дејвис, доби уверување дека тие ќе ја подржат Македонија на патот кон Европската Унија.

„За амбициите на Поранешната Југословенска Република Македонија за зачленување во Европската Унија, мојата политика секогаш била иста. Кога една земја сака да стане членка на ЕУ или на друга организација, ние и даваме подршка. ЕУ од нас бара експертиза и мислења во разни области, кога тоа ќе го побара ние ќе го направиме тоа чесно,“ нагласи Тери Дејвис.