1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Бучковски во Брисел

Подготовките на Македонија за членство во НАТО и интеграцијата на земјата во ЕУ – се темите на кои денеска и утре во Брисел, со претставници на алијансата и на унијата разговара македонскиот премиер, Владо Бучковски.

Владо Бучковски во НАТО и ЕУ

Владо Бучковски во НАТО и ЕУ

Претседателот на македонската влада, Владо Бучковски, денеска треба да има средба со генералниот секретар на НАТО, Јап Де Хоп Шефер и треба да се обрати пред амбасадорите на земјите членки на алијансата. Тој треба да стави акцент на реформите во одбраната, судскиот систем и создавањето поволна политичка клима за одржување фер и демократски избори. Генералниот секретар на НАТО, Шефер, во Вашингтон пред два дена одбегна да се изјасни околу тоа дали од самитот на алијансата во Рига на Македонија ќе и биде даден јасен сигнал за приклучување, и рече дека НАТО ќе го фокусира вниманието на одржување успешни избори во Македонија. “Очекуваме претстојните избори да бидат беспрекорни, би рекол 110 отсто слободни и фер“, нагласи Шефер.

Македонскиот премиер во Брисел денеска треба да се сретне и со високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана, со кого ќе разговара за реформскиот процес во земјата и состојбите и соработката во регионот. Утре на агендата на Бучковски се разговори со еврокоемсарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, со кого освен за евроинтегрирањето на Македонија и досега постигнатот на тој пат, ќе стане збор и за олеснување на визниот режим.

Бучковски посетата на Брисел треба да ја заврши со средбата со претседателот на комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент, Елмар Брок и шефот на пратеничката група на Европските социјалисти.