1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Буто првпат побара оставка од Мушараф

*

Лидерот на опозицијата во Пакистан Бензир Буто го повика претседателот Первез Мушараф да поднесе оставка на функцијата. Таа ова го изјави во телефонско интервју бидејќи веќе седум дена властите ја држат во домашен притвор. Буто инаку требаше да го предводи за денеска најавениот марш на опозицијата од градот Лахоре до Исламабад. Ова е прв пат Буто јавно да побара оставка од Мушараф. Инаку пакистанските властите во последните 24 часови уапсиле 1500 приврзеници на опозицијата, која бара укинување на воената состојба во земјата.