1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Буто ослободена од куќен притвор

*

Пакистанскиот претседател Первез Мушараф ја укина мерката куќен притвор за лидерот на опозицијата Беназир Буто. Полицијата во нејзиниот град Лахоре соопшти дека таа може слободно да се движи. САД го поздравија потегот како позитивен чекор. Режимот на Мушараф, покрај Буто уапси илјадници приврзеници на политичарката и речиси целокупното раководство на опозицијата. Денеска заклетва на функцијата положи Мохамадмиан Сомро кој синоќа од страна на Мушараф беше назначен за шеф на преодната влада до изборите кои треба да се одржат на 9 јануари. Сеуште е нејасно дали дотогаш Мушараф ќе донесе одлука за укинување на вонредната состојба во земјата. Буто изјави дека во вакви услови не може да се очекуваат фер и слободни избори

„ Со генералот Мушараф веќе нема преговори. Тој е многу непопуларен и секој што ќе соработува со него ќе биде погоден од неговото штетно влијание