1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Буто ги повика Пакистанците да се приклучат на протестите

*

Лидерката на опозицијата во Пакистан, Беназир Буто ги повика луѓето во земјата учествуваат во утрешната протестна поворка против воведувањето вонредна состојба во земјата. Буто вети дека нема да се откаже од протестите дури и ако полицијата се обиде да ја запре. Буто сака да ја предводи четиридневната автомобилска поворка која тргнува утре од Лахоре до Исламабад, а чија цел е барањето оставка од претседателот Мушараф. Претходно опозицијата во Пакистан го повика претседателот да ја укине вонредната состојба пред одржувањето на парламентарните избори кои тој ги закажа за 9 јануари. Мушараф изјави дека вонредната состојба во земјата ќе остане на сила до денот на гласањето за да се обезбеди фер и транспарентен изборен процес.