1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Бусек ќе ја промовира Македонија како успешна приказна

Ерхард Бусек,координатор на Пактот за стабилност денеска беше промовиран од македонската влада во нов советник за надворешна политика и евроинтеграции

Ерхард Бусек

Ерхард Бусек

Координаторот на Пактот за стабилност Ерхард Бусе е ангажиран како советник и лобист на Македонија.Австрискиот дипломат ќе ги советува македонскиот премиер и владата во надворешната политика и исполнувањето на задачите поставени од страна на ЕУ.

Македонија сака да го искористи знаењето и угледот на поранешниот вицеканцелар,министер во австриската влада и градоначалник на Виена како лобист во евроинтеграциите.Премиерот Груевски многу очекува од него:

„Со сите овие искуства и со искуствата што ги имаше како специјален координатор на Пактот за стабилност на ЈИЕ,како носител на СЕКИ иницијативата,и други искуства што ги има во својот долг работен век,убедени сме дека тој ќе даде значаен придонес со своите совети,со своите идеи,со своите контакти во работењето на владата на Македонија,во приближувањето на земјата кон ЕУ и генерално кон еден подобар и поквалитетен живот на граѓаните во оваа држава.“

Бусек ќе работи на промоција на Македонија како следната успешна приказна од Балканот.По зачленувањето на БУгарија и на Романија и стартот на преговорите со Хрватска,ЕУ очекува да види дека Македонија брзо и сигурно напредува во исполнувањето на обврските.Бусек и на македонската јавност и ја повтори препораката што и ја даде на владата,да не инсистира на датуми,да не бара датуми:

„Како советник на владата ќе ја употреба сета моја мрежа на контакти што ја имам и позицијата од Пактот за стабилност да го поттикнам развојот и околу тоа имав веќе многу успешни разговори со членовите на владата,Парламентот и опозициските партии“,изјави Бусек по средбата со премиерот.

Ги пофали намерите на владата за намалување на даноците и мерките што треба да придонесат за намалување на невработеноста и зголемување на странскуте инвестиции.Новата македонска влада и нејзината програма Бусек на регионот ќе му ја промовира во ноември,во Букурешт,на конференцијата што ја организира Пактот за стабилност.Оваа организација до средината на 2008 ќе се трансформира во Регионален совет,кој ќе го поттикнува развојот на земјите од ЈИЕ.