1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бусек: Поделба на Косово е решение

Екс-координаторот на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа Ерхард Бусек изјави дека Косово и Србија треба да почнат разговори за поделба и предложи размена на територии.

default

Ерхард Бусек

Според Ерхард Бусек, најдоброто решение кое би овозможило Косово да биде признато од страна на Србија и пет земји на ЕУ е - поделба. Тој за приштинската телевизија КТВ нагласи дека би требало да има размена на територии, така што „Прешевската долина би се споила со Косово, додека северот на Косово би и‘ припаднал на Србија“. Со тоа, како што оценува поранешниот координатор на Пактот за стабилност за ЈИЕ, би се обезбедило одржливо решение за Балканот.

„Убеден сум дека на крајот на краиштата, ако ништо друго не биде можно, тогаш поделбата е решение“, нагласи Бусек.

Косовскиот премиер Хашим Тачи во петокот (03.02) предложи средба со српскиот претседател Борис Тадиќ, за нешто да се придвижи во решението на конфликтот околу Косово. „Ние како водачи сме обврзани да си подадеме рака“, рече Тачи, додавајќи дека проблемите меѓу двете земји мора да се решат „еднаш засекогаш“. Српскиот претседател Борис Тадиќ на тоа одговори дека за средба со Тачи не постојат „лични пречки“. Сепак, според Тадиќ, ваква средба би можела да се одржи само доколку притоа има супстанцијален напредок. „Ваков разговор не смее да се искористи за поттикнување на државноста на Косово и за цел мора да има решавање на проблемите, а не политички фолклор“.

Автор: ЕМФ/бета/дпа

Редактор: Ж. Ацеска

DW.COM