Бусек за изборите во Србија | Теми на денот | DW | 29.12.2003
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Бусек за изборите во Србија

Воислав Коштуница го обвини Западот дека носи барем дел од вината за ваквиот исход на изборите во Србија. Запрашан за реакција на ова обвинување, координаторот на Пактот за стабилност на ЈИЕ, Ерхард Бусек, за ДВ одговори:

"Секогаш се бараат виновни, и тоа на секаде. Во суштина главно прашање е колку уверливо дејствуваа демократски ориентираните партии во Србија. Нејзините политичари меѓутоа постојано бараат грешки кај другите, на место да презентираат заеднички став на една голема коалиција за иднината на Србија."

Што се однесува конкретно до шансите за создавање владина коалиција од партиите на демократскиот табор, Ерхард Бусек, оцени:

"Во моментов тоа секако не изгледа многу добро. Но, едно треба да им биде јасно на сите учесници, а тоа е дека фактички нема алтернатива за коалиција на демократските сили. Зашто, суштинското прашање е во која насока сака да се движи Србија? И тука сигурно нема друга насока од онаа што води кон Европа, кон ЕУ. За тоа, пак, е неопходна широка база, за да можат да продолжат неопходните реформи."

Запрашан дали сегашниот исход на изборите ќе значи и одолговлекување на патот на Србија кон Унијата, координаторот на Пактот за стабилност, изјави:

"Сметам дека Србија ќе се најде во положба да мора да појаснува што значи сега новата ситуација. Тоа важи и за партиите на опозицијата, бидејќи фактот што тие се националисти или радикали не ги решава проблемите на земјата сам по себе. Тоа мораат да го сфатат и наводните победници на изборите.
Второ прашање е пак соработката со Хашкиот трибунал. Јас силно се залагам за одржување на тие процеси. Но, како тие ќе бидат презентирани во српската јавност, тоа мора секако да биде подобрено."

Што се однесува до српското стопанство, како еден од најголемите проблеми во земјата, Бусек оцени:

"Србија има всушност добри шанси, бидејќи гео- политички и стратешки се наоѓа на одлично место во регионот. Таа исто така имаше и соодветна економска сила пред распадот на Титова Југославија. Така предусловите за економско заздравување не се толку лоши, доколку се обезбеди соодветна правна сигурност на инвестициите. Освен тоа треба да биде јасно дека Србија има шанси за подобра економска иднина само на тој начин, како и преку соработката со соседите и со европските држави" - оцени Бусек и се осврна и на проблемот на корпуцијата, која пак е поврзана со самиот политички систем што зад себе го остави Слободан Милошевиќ. Одредена улога одиграа секако и санкциите, признава Бусек, бидејќи во тоа време функционираа само илегалните патишта. Но, сите тие проблеми се во надлежност на Србија, а ЕУ во нивното надминување може само да асистира, нагласи координаторот на Пактот за стабилност, Ерхард Бусек во интервјуто за ДВ.