1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Бурки - традиција, мода или радикално верско изразување?

Се’ повеќе жени муслиманки во Македонија се покриваат со бурки или традиционални исламски прекривки. Дел од нив велат дека тоа не е необично и оти само ги следат традиционалните правила за облекување меѓу муслиманите.

default

Во Македонија има се’ повеќе млади и возразни жени со бурки, фереџе, шамии, хиџап, со религиозните симоболи на муслиманките. Но и нивни контрасти се присутни во современиот социјален амбиент во земјата - млади Албанки, Турчинки, Бошњачки, облечени по последна мода, седнати во кафулињата, до доцните часови.

Deutschland Rechtsextremismus Jugendliche Studie

На еден од тетовските универзитети не се забележуваат студентки со шамии и мантили, но кога од Вандерштуловиот кампус се оди кон центарот на градот се’ позабележливи се симболите на религијата. И средношколките во медицинскиот центар во Скопје се’ повеќе носат шамии и така облечени ги следат часовите.

Предрасуди има

„За целото мое студирање, на правниот факултет, додека ја носев својата шамија, не почуствува некаква реакција ниту од колегите, ниту од професорите, но во суштина има многу предрасуди кон овој религиозен симбол низ цела Европа“, вели Мерсиха Смаиловиќ. Таа како апсолвент решително ја водеше акцијата, жените муслиманки, на фотографијата на македонскиот пасош да бидат сликани со шамија.

Tetovo, Mazedonien

Сега како правник - консултант, во старата Скопска чаршија, облечена е во традиционалниот хиџап-стил, со долг мантил и шамија во сина боја, и има јасни религиозни и општествени ставови: „Во време на економска криза и глобално затоплување, нема смисла европските влади да се занимаваат со нечие право на облекување. Како муслиманка сметам дека е тоа мое лично право и доколку се забранува би претставувало кршење на човековите слободи, затоа што облекувањето е лично право на граѓанинот. Државата не е таа која смее да се меша во верските слободи и права на луѓето. Државата постои да ги штити, а не да ги ограничува.“

Исламот треба да го применуваме и да биде дел од општествените процеси, вели Мерсиха Самиловиќ, која преку невладината ЕДУНАСа, ги брани правата на муслиманската жена во македонското општество.

Во Македонија слободно се носи шамија

Mazedonien Land und Leute Islam Unterricht in Tetovo

Настава по ислам во Тетово

Нуртен Шахисакепи, 50 годишна мајка со над две децении искуство во исповедта и учењето за коранот и Мухамед вели: „Во Македонија е слободно на школо и на улица да се оди со шамија, тоа никому не пречи“, вели Нуртен која ги подучува младите муслиманки на строгите религиозни правила и стил на живот, но и на историјата на верата.

Таа потсетува дека шамијата е традиција и белег за Македонките во 50-те години од минатиот век, кога комунистите се обиделе да ја забранат. „И овој начин на облекување има некои правила на мода, избирање на матерјалите, боите, но тоа не смее да излезе од догмите на исламот. Начинот на облекување кај муслиманите е пропишан и за мажите и за жените, но прашање е колку и кој го почитува“, вели Нуртен Шахисакепи.

Македонскиот устав ја респектира религиската слобода на сите вери чии заедници се регистрирани според законските прописи. Во македонската јавност не е толку забележлив изразит страв од т.н. исламски фундаментализам, кој според нашите соговорници честопати се користи и поради непознавање на поимот и изедначување на религијата.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Александра Трајковска